Петровска: Државата мора да продолжи по европскиот пат на Владата

од Берта Китинска

Коалиционите партнери застанаа зад оваа актуелна Влада, рекоа дека таква Влада и е потребна на нашата држава, за што апсолутно се сложуваме, дека државата особено сега мора да продолжи по патот кој го зацрта пред неколку години и постигнатите успеси кои ги имавме, за кој голем дел од заслугите се на претседателот Заев, односно на неговата упорност и истрајност, а богами и визија да го постигнеме тоа што го постинавме, рече пратеничката Славјанка Петровска во гостувањето на “Утрински брифинг”.

-Периодот кој што претстои, генерално гледајќи ги случувањата на светската сцена, најавуваат сериозни проблеми и во енергетиката, но и во економијата кој се одраз на она што ни се случуваше изминатата година со Ковид – 19 и од тука сме поприлично внимателни со процесуирањето на сите одлуки, појасни таа.

Според Петровска одлуката која што претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја соопштил вечерта по соопштувањето на изборните резултати, е негова лична одлука.

-Ние како партија секако дека ја почитуваме неговата одлука, но престои период во кој што таа одлука ќе треба да биде дискутирана во рамките на органите на партијата. Меѓутоа, веќе вчера како што можевме да видиме од медиумите започнаа разговорите со коалиционите партнери, главната порака која ја испратија коалиционите партнери е дека постои стабилно владеачко мнозинство. Ова не го кажувам само за да ја демотивирам опозицијата затоа што најавуваат обиди за преговори за ново мнозинство, туку затоа што сакаме да упатиме порака кон граѓаните дека имаме стабилно мнозинство и дека ниту со еден чекор не сакаме да предизвикаме било какви политички турбуленции во нашата држава или да речеме политичка или економска криза, појасни Петровска.

Слични содржини