Петровска: ЕУ сега има задача да го оствари тоа што ни го вети

од Nikola Popovski

„Треба да ги следиме реално работите, да не бидеме ниту песимисти, ниту оптимисти. Најважно е дека Борел даде коментар дека Македонија ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ. Вториот момент е дека Унијата многу поактивно преку своите институции, ќе дејствува во наредниот период, со цел тие преговорите, конечно да отпочнат“, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска за емисијата „Топ тема“.

Според неа, за ваквата ситуација во која што се наоѓаме е само поради Бугарија.

„Унијата сега има задача да го оствари тоа што го вети, а тоа е дека треба да ги отпочнеме преговорите“, истакна Петровска, нагласувајќи дека преговорите со Бугарија треба да продолжат и дека не треба да се откажуваме или обесхрабруваме.

Слични содржини