Петровска: Ќе одговара лицетo кое не ја почитувало самоизолацијата и дало лажен исказ

од Nikola Popovski

Заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска на денешната прес конференција информираше дека постојат поедници кои не ги почитуваат мерките на владата, но и трудот на здравствените работници и МВР.

Како таков пример го посочи лицето Ф.К. кое лажело дека не ја напуштило земјата, не ја почитувал самоизолацијата и ја ширел заразата меѓу свои пријатели и колеги, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

„Тој на Табановце влегол во земјата на почетокот од март, и требал да биде во самоизолација, но тој тоа не го сторил, со што го прекршил Кривичниот законик.  Притоа, имал средби со најблиските, но и со вработените во фирмата“, изјави Петровска.

Таа додаде и дека лицето дало лажен исказ, дека не патувал надвор од земјата, со што заразил повеќе лица и придонел за ширење на епидемијата.

„Недозволиво е поединци да го изигруваат законот“, рече Петровска.

Слични содржини