Петровска: Кој сака да ги запали дрвјата кај Треска?

од Vladimir Zorba

Заедно со Зелен Хуман Град се прашуваме дали пожарот во Треска е подметнат, со цел да изгорат дрвјата и да се отвори пат за нова бетонизација,пишува на својот Фејсбук профил Ана Петровска – Кандидат за градоначалник на Град Скопје.

„Треска е еден од ретките простори во општина Центар што дава можност тука да никне нов парк, а објектите да се пренаменат за културен центар и младински зелени стартапи.

Новиот ГУП мора да го зачува овој простор од изградба на нови згради. За борба против загадувањето во градот мора да остане “светото тројство” што го формираат Градскиот парк, парк-шумата Гази Баба и Расадник, но не смее да се бетонизираат ниту Треска, ниту просторот пред Холидеј Ин.

За изработка на новиот ГУП, мора да се донесе Катастар и Стратегија за урбано зеленило со кои зеленилото ќе се попише, постојните паркови ќе се заштитат и ќе се предвидат нови, согласно Законот за урбано зеленило“, истакнува таа.

Слични содржини