Петровска кон Ковачки: Нема да толерирам обиди за добивање ситни политички поени на штета на АРМ

од Nikola Popovski

Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Минстерството, истакна денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Таа го повика пратеникот Драган Ковачки, кој е поранешен припадник на Армијата на ТВ соочување, за како што вели, со цел да ги разјасниме сите обвинувања кои вчера беа изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност.

-Подготвена сум да одговорам на секое поставено прашање, но имам и неколку прашања кои во интерес на јавноста ќе ги поставам, објави Петровска.

Ковачки вчера обвини дека за учество во мировна мисија се давало мито од по 3500 евра, додека пак за прием на професионален војник по 5000 евра, и тоа како што истакна тој едната линија е преку лица до владејачката СДСМ, додека другата е преку ДУИ.

-Ова го зборувам со целиот мој кредибилитет кој што го имам во Армијата на Република Македонија. Така да знаете и вие кој ги зема парите. И сега ако сакате конкретни имиња ќе одиме и со тоа, меѓутоа пред надлежните институции тогаш кога ќе бидат ослободени. Затоа што во моментот тие институции не се ослободени и се што ќе се даде таму знаете дека ќе биде заташкано, прокоментира Ковачки.

Слични содржини