Петровска кон припадниците на АРМ кои се вратија од Турција: Покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на пријателот кога ќе се најде во неволја

од Vladimir Zorba

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска за време на пречекот на припадниците на Армијата, кои се вратија од хуманитарната операција во Турција им се заблагодари за пожртвуваноста и што покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на нашиот народ, но и на пријателот кога ќе се најде во неволја.

Министерката информираше дека во координација со претседателот Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот одлучиле дека треба да ги испратат најдобрите, најобучените и најподготвените војници за справување со една ваква комплицирана и тешка задача – извлекување и спасување на она што можеше да се спаси од земјотресите во Турција.

– Кога светот и ние се соочивме со резултатите од тоа што се случи во Турција – двата страшни земјотреси, немавме сомнеж ниту трошка двоумење дека треба да одговориме на повикот за помош и поддршка, затоа што Република Турција е нашата пријателска земја со која изминатите години соработувавме и секогаш ја имавме нивната поддршка. Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме и понатаму да помагаме, рече Петровска.

Затоа, како што рече министерката, одлучено е припадниците дополнително да бидат наградени со дополнителна исплата од една просечна плата.

Слични содржини