Петровска: Лажни вести за наводен притвор на градоначалникот на Василево

од Nikola Popovski

Заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, објави дека не е точна веста дека на градоначалникот на Василево му е определен притвор, поради наводен предизборен поткуп.

Неколку портали објавија лажни вести дека е определена мерка притвор за М. Ј. и уште едно лице од општина Василево, но по извршени проверки утврдивме дека тоа апсолутно не е точно. Во самите текстови е наведено и дека е определена мерка притвор за наведените од страна на јавен обвинител иако општо познато е дека од страна на Јавен обвинител и не може да биде определена мерка притвор.

И во текот на вчерашниот ден се ширеа лажни вести, според кои наводно полицијата трага по граѓани кои објавиле шеговити коментари на социјалните мрежи во кои пишува на гласачкото ливче да се шкртне додавката Северна. На информативен разговор за ваков коментар беше повикан директорот на скопската зоолошка Ѓорѓи  Галетановски, но не и други лица.

„Во случајот со ФБ и твитер објавите поврзани со гласањето на целата јавност и е јасно дека станува збор за шеговити постови во кои нема кривично дело и токму тоа е евидентирано од страна на полициските службеници. Нема да дозволам лаги и невистини да се шират, ниту пак да се гуши слободата на било каков начин. Живееме во демократска држава во која слободата на изразување не е кривично дело. Така и ќе остане“, напиша вчера Петровска.

Слични содржини