Петровска: Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина

од Берта Китинска

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за Канал 5, вели дека Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина во борбата за нејзиниот територијален суверенитет и интегритет.

-Секогаш кога имаат потреба од каква било поддршка и помош се обраќаат до нас. И се разбира, како и во претходните три случаи кога ги донесовме одлуките, доколку тие капацитети се на наше располагање, и не се ѝ потребни на нашата Армија, ќе ги отстапиме. Во овој момент, сме во една таква фаза на разговори за тоа што дополнително можеме да помогнеме. И се разбира како и претходно, сѐ во интерес на информираме на јавноста, доколку донесеме таква одлука соодветно ќе соопштиме. Се разбира дека и остануваме на она ветување, штом безбедносните ризици се намалат или се отстранат, ќе соопштиме во детали колкав и каков вид на воена опрема сме донирале, рече Петровска.

Слични содржини