Петровска: Мицкоски во кафаната бил со еден поранешен функционер во Владата, и со еден полициски службеник

од Aleksandar Petrovski

Заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на денешната прес-конференција истакна дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во угостителскиот објект бил со еден поранешен функционер во Владата, и со еден полициски службеник.

Петровска образложи дека во близина биле и вработени во МВР кои не требало да бидат таму.

Петровска истакна дека најпрво вработените во објектот кажале дека бил украден снимачот на безбедносните камери, а потоа од инспекторите бил пронајден.

Слични содржини