Петровска: Мнозинството и Владата се стабилни и не се на „стаклени нозе“

Во рамки на своето гостување на Тв21, пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска се соочи со пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

На обвинувањата од Стојановска дека мнозинството кое е актуелно е загрозено, Петровска посочи дека напротив мнозинството и Владата се стабилни.

„Тоа парламентарно мнозинство од опозицијата се најавува уште од првиот ден од ова мнозинство, кое е стабилно. Но, за демократија тоа е нормално. Замина времето кога пратениците беа уценувани и кога ја слушаа само партијата. Апсолутно тоа не ја доведува во прашање довербата на Владата и парламентарното мнозинство“, посочи Петровска.

Слични содржини