Петровска: Началниците назначени од Чулев саркастично кажуваат дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание!

од Aleksandar Petrovski

Лицемерно и неодговорно е да се криеш од јавни соочувања и да одбиваш покани за ТВ дуели, а да се обидуваш да се оправдаш преку ФБ статуси. Македонската јавност и македонската полиција заслужуваат повеќе од ФБ пост или нарачани интервјуа реагираше на Фејсбук статусот на Наќе Чулев, заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска.

Изминатите денови не убедуваше дека полицијата не треба да казнува туку да биде внимателна. Моите предлози за порешителни акции беа игнорирани. Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание!!! И Министерот за внатрешни работи ова го оправдуваше.

Директорот на БЈБ испраќа телеграми кои твоите началници ги кријат во фиока.

Бројот на заболени е резултат на колебливоста и обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност.

Граѓаните нема да не оценуваат по убавите зборови, туку по нашите постапки. МВР и инспекторатите треба да казнуваат за да покажат дека има правда, дека оние што ги почитуваат правилата имаат причина да веруваат во законите.

Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам на штета на сите нас.

И да, не се обидувај со прашината за каблите на АНБ да го сокриеш лошото менаџирање, резултатот се гледа, заклучи Петровска.

Слични содржини