Петровска: Пред да се влезе во легализација, мора да се изработи инвентар на дивоградби во заштитните подрачја

од Nikola Popovski

„Со Законот за легализација на дивоградби ги ставаме во неправедна положба оние кој што градат со дозвола наспроти оние кој што го прават тоа без дозвола, особено кога тоа диво градење се одразува на животната средина“, вели директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска за емисијата „Топ тема“.

Според неа, ДИЖС направил инвентар за диви објекти само за Охрид и Струга, по барање на УНЕСКО.

„За заштитните подрачја, пред да се влезе во некаква легализација, би морале да се направи еден таков инвентар, па дури и понатаму како пристап ќе се земе, би зависело од тој инвентар“, потенцира Петровска.

Таа дополнува дека ДИЖС не може да постапува по диво изградени објекти, но тоа што го направи во охридскиот регион е во координција со МВР, бидејќи тие можат кривично да гонат.

Слични содржини