Петровска: Работев домаќински и одговорно, затоа после 4 години можам да ги погледнам битолчани во очи

од Nikola Popovski

„Општината пред четири години ја наследив со долг од 12 милиони евра од кои, 4,3 милиони за образовните институции, но и покрај тоа од самиот почеток не само што исплаќавме, туку и градевме“, изјави градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Според нејзините зборови, „после 4 години им гледам на Битолчани во очи, бидејќи работевме чесно, домаќински и одговорно“.

Меѓу капиталните проекти, градоначалничката на Битола ја издвои реконструкцијата на Офицерскиот дом, како гордост на градот, како и киното Манаки.

„Општина Битола, како единствена општина во државата во време на пандемија издвои 100.000 евра за здравствените институции“, истакна Петровска.

Слични содржини