Петровска: САД издвојуваат 40 милиони долари за македонската одбрана

од Nikola Popovski

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска информира дека Стратешкиот дијалог со САД е важна тема за продлабочување на соработката со „најблискиот партнер“.

-Во текот на годините беа инвестирани значајни човечки и финансиски ресурси и капацитети за модернизација на АРМ, но и подигнување на воените и одбранбени капацитети. Ова е позитивна соработка и поттик за Стратешкиот дијалог во други области. Министерот Бектеши има сесија посветена на енергетиката и економскиот дел. Сесијата која што јас ја водев беше одлична можност за преглед на сработеното во оваа област. Денес бев информира дека САД издвојуваат дополнителни 40 милиони долари за модернизација и инвестирање во областа на одбраната, појасни Петровска во Дневникот на Тв Сител.

Министерката додаде дека севкупниот план е составен од сериозни набавки.

-Дискутиравме и за продолжување на набавката на лесни оклопни возила. Таа ќе се случи оваа година. Значајно е за нас набавките да се одвиваат непречено. Од САД добиваме признание за она што е направено во одбраната, посебно за лесната пешадиска бригада, која во април помина позитивно и доби признание од НАТО. Македонија е пример како една земја со посветена работа и реформи да прерасне во гарант за колективната безбедност, потенцира Петровска.

Слични содржини