Петровска: Сеуште е рано за воведување на полициски час

од Ивана Рамаданова

Сеуште е рано да се донесе одлука за воведување на полициски час, смета дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Таа во изјавата за Локално.мк вели дека и покрај тоа што дел од граѓаните не ги почитуваат препораките на Вадата и надлежните институции, сеуште е рано за воведување на нови одлуки за рестрикции во движењето.

„Засега миниството за внатрешни работи превзеде мерки  за разбивање на групи на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. Воедно ги засили контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири и презема мерки за понатамошно спречување на вакви собири. Има граѓани кои не ги почитуваат владините препораки и мерки, но повеќето се придржуваат кон истите и затоа сметам дека сеуште е рано за да се воведе полициски час,“, смета дополнителниот заменик министер.

Петровска вели дека со воведување на полицискит час ќе биде ограничено движењето на грѓаните во одреден дел од денот, за кое според неа во моментот тоа не е потребно. Таа потенцира дека не се исклучува можноста министерството да постапи со ваква ригорозна мерка, доколку состојбата во државата се влоши.

Споед неа, во општините Дебар и Центар Жупа каде што е воведен кризна состојба, се одвива според утврдените безбедносни протоколи.

„Локалното население постапува исклучиво по препораките на Владата, соработката на МВР со другите институции е одлична и заедно ги надминуваме сите тековни предизвици. Населението соработува со полицијата и институциите и полициски час не е воведен. Централните институции и локалната власт заедно се грижат за населението кое се наоѓа на територија на кризните подрачја“, смета Птеровска.

И.Р.

Слични содржини