Петровска со Агелер на „Криволак“: САД од 1996 го поддржаа нашиот развој со 266 милиони долари

од Nikola Popovski

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска на „Криволак“ имаше прва средба со новата амбасадорка на САД во Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер.

Како што истакна министерката Петровска, оваа прва средба се реализира на „Криволак“, затоа што, според неа, развојот на полигонот е најдобар пример за интензитетот на заедничката соработка, за посветеноста на развојот на одбранбените односи, заедничкиот развој на вооружените сили на двете држави и развојот на интероперабилноста во НАТО.

-Со поддршката од 266 милиони долари од почетокот на соработката во 1996 година, создадовме капацитети и способности кои денеска се во служба на безбедноста на Северна Македонија и колективната безбедност во НАТО. Силно мотивирани од стратешкото партнерство и стратешкиот дијалог, амбициите за уште поинтензивна соработка се сè поголеми, порача Петровска.

Амбасадорката Агелер порача дека е целосно запознаена со интензивната одбранбена соработка помеѓу двете земји и дека оваа соработка ќе продолжи да се реализира и развива и во иднина.

Слични содржини