ПЕТРОВСКА СТАВИЛА ПОТПИС НА 22 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ?

од Vladimir Zorba

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Бени Шаќири на телевизиска дебата ја обвини противкандидатката Ана Петровска вадејќи документ со прашањето како една поборничка за здрава околина потпишала документ за изградба на 22 мали хидроцентрали.

Петровска на денешната прес конференција ги негира наводите на Шаќири тврдејќи дека се работи за клевета.

На документот кој Шаќири го изнесе на увид на јавноста навистина стои потписот на Петровска. Оттука се поставува прашањето дали во управната постапка Петровска во својство на државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање имала право да не го потпише документот кој бил претходно подготвен од службите на министерството.

Петровска од позиција на државен секретар две години работеше практично како втор човек на Министерството за животна средина и просторно планирање додека со него раководеше Садула Дураку.

Малите хидроцентрали заедно со гасоводот на Водно беа најпроблематизираните прашања на невладините организации со зелена агенда заради кои тие остро ја критикуваа Владата во изминатиот мандат.

Слични содржини