Петровска: Телохранителот на Мицкоски, со договор вреден 500.000 евра е дел од скандалот со парцелите!

од Берта Китинска

Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра.Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра, информира пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа напоменува дека прашањето на кое одговор треба да даде истрагата е дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец.

-Според информациите во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски.Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, вели Петровкса која го покажа Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, вреден неверојатни 500.000 евра.

Слични содржини