Петровска: ВМРО ДПМНЕ ако верува во самата себе нека биде овластен предлагач на ново законско решение за попис

од Берта Китинска

Пратеничката Славјанка Петровска од редовите на СДСМ, во гостувањето во МРТВ, посочи дека на ВМРО ДПМНЕ воопшто не му е до јавното здравје, бидејќи пред неколку месеци тие организираа протести во државата и со тоа го загрозуваа здравјето на граѓаните.

„До пред неколку месеци ВМРО ДПМНЕ организираше протести во државата, значи групирање на граѓани, а со тоа го загрозуваше здравјето. Го организираше конвојот со автомобили каде што не се почитуваа здравтвените мерки, затоа, тука би го исклучила моментот дека ВМРО ДПМНЕ е загрижена за здравјето на населението. Ако се грижеа за граѓаните зошто не ни ги одобрија измените во Деловникот на парламентот за да имаме он лајн седници. Јас лично имав Ковид 19, но од некој хир опозицијата не ни дозволи да работиме од дома, ги блокираа измените со 3 000 амандмани. Во услови на пандемија кога ние бараме решенија за функционални институции, ВМРО ДПМНЕ е крајно неодговорна партија“, изјави Петровска.

Во однос на пописот таа потенцира дека чесно е од страна на големата опозициона партија, да им каже на граѓаните дека законот за попис не може да се поништи со потписи.

„Методологијата за спроведување на пописот наскоро ќе се објави јавно, во фаза на подготовка е,  и ќе ги опфати сите аспекти околу податоците. ВМРО ДПМНЕ потенцијално ги повикува сите граѓани да го дадат нивниот потпис против Законот за попис,а јас тоа го поврзувам со здравствената криза, зошто граѓаните да се собираат во некои канцеларии ако ВМРО ДПМНЕ верува во самата себе нека биде овластен предлагач на ново законско решение, што ги тера граѓаните на потписи? Што после потписите? Па, пак, истата процедура е, тие со потписите не го ставаат надвор од сила Законот за попис, ним им треба нов закон и во тој случај со потписите, па евентуално да им помине во собрание, а тоа можат да го направат и како пратеничка група, да поднесат предлог закон,“ изјави Петровска.

Слични содржини