Петровска: Во Пржино урбаната мафија измислила иновација

од Vladimir Zorba

Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта, изјави Ана Петровска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје од „Зелен хуман град“ при нејзината посета во Пржино.

Петровска истакна дека граѓанската иницијатива и жителите од Пржино се борат против бетонските чудовишта, со цел да добијат еколошка населба.

– Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град, додаде
Петровска.

Слични содржини