Петровска: Во тек е избор на експерти за надзор над работата на безбедносните служби

од Берта Китинска

Во тек е процедура на избирање на двајца технички експерти кои ќе бидат на располагање на една од собраниските комисии задолжени за увид во работата на безбедносните служби и системот на следење на комуникациите, вели пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“.

„Една од собраниските комисиите надлежни за надзор во којашто сум член започна со работа. Но, очекуваме во текот на месец март да бидат избрани двајцата технички експерти, бидејќи ова е една од новините во Законот за следење на комуникациите. Беше детектирано како недостаток, дека пратениците не можеме да бидеме сигурни дека имаат доволни познавања или стручна експертиза од областа“,рече Петровска.

Реформите во сферата на безбедноста се прашања за кои власта и опозицијата постигнаа консензус, а Петровска вели дека тоа се должи на фактот што биле свесни во каква ситуација била државата по скандалот со масовното нелегално прислушување.

Слични содржини