Петровска за 360°: Италијанските власти реагираа кај Чулев за пробивањето на акцијата за кокаинот

од Vladimir Zorba

Министерот Наќе Чулев доби предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек е крајно несоодветно, вели дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во интервју за емисијата „360 степени“.

„Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција“, вели Петровска.

Според неа, најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина, каде исто како и во земјава, била следена контролирана пратка на кокаин.

„И на крај, бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект ододносно она што италијанските власти очекувале дека ќе се случи“, вели дополнителната заменик-министерка во МВР.

Слични содржини