Петровска за полицајците кои правеа забава: Прекршиле многу правила, меѓу кои и она да се грижат за угледот на МВР

од Aleksandar Petrovski

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска во гостувањето на Телма, во врска со полицајците кои завчера на приватен имот правеле забава, рече дека случајот веќе се процесира. Тоа што се случувало не било во согласност со мерките и препораките, а бил нарушен и угледот на МВР.

-Дел од нив не биле на задача, дел биле. Прекршиле многу правила, меѓу кои и прво, основно етичко правило: да се грижат за угледот на МВР. Се останото е констатирано и запишано, се процесира. Јас сум секогаш на страната на припадниците на МВР и сметам дека тие навистина треба да бидат наградени, што не значи дека поединци треба да го валкаат угледот на Министерството, рече дополнителниот заменик-министер.

Околу ограничувањето на уставно загарантираните права на верниците, Петровска рече дека во овој момент нема ништо поприоритетно од заштитата на јавното здравје.

-Дисбалансот во размислувањата дали треба нешто да ограничиме доведе до неодлучност во постапувањето. Премногу долгото вагање на нештата не доведе до овие последици. Инаку, ваков тип собирања, верски, кои не соодвествуваат на препораките и мерките, се видлив во Скопје и од оваа страна, во Градски парк, Водно, истакна Петровска.

Слични содржини