Петровска за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Што е крајната цел, дали сакаат да се пребројат само?

од Nikola Popovski

„Протестите на Шарената револуција не завршија се додека не го остваривме тоа што го баравме, а тоа е падот на тогашниот режим“, вака пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска ги спореди протестите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на емисијата „Патот кон…“.

Таа прашува зошто овие протести траат само три дена, а притоа нема официјално барање зошто се спроведуваат.

„Досега опозицијата имаше многу начини да покаже дека ги штити националните интереси, но не го покажаа. Што е крајната цел, дали сакаат да се пребројат само? Ако е тоа, тогаш си ги видоа силите колкава им беше излезноста на тие протести или само сакаат да го дефокусираат вниманието од она што се случува во Собранието. Ова што го прават е погрешна стратегија“, наведува Петровска.

Слични содржини