Петровска за Реисот: Изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓаните е несоодветно

од Vladimir Zorba

Дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во денешното гостување на ТВ 24 ја коментираше изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), кој се закани дека доколку Владата не ги исполни неговите услови и барања за финансиска помош ИВЗ ќе ги повика граѓаните и верниците да се вратат во џамиите и да не се почитуваат мерките.

– МВР интензивно ги следи изјавите и во медиумите и на социјалните мрежи, и оваа изјава на поглаварот на исламската верска заедница и кај граѓаните и кај институциите предизвика еден вид на вознемиреност. За сега сме во комуникација со Јавното обвинителство, за кривична
пријава ќе одлучиме заедно, но потенцирам дека повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓаните е несоодветно, особено што ова не е битка само на Владата или на општеството, ова е битка на целиот свет, смета таа.

Петровска додаде дека секое непочитување на мерките е непочитување на самите нас, и на сите околу нас.

– Се надевам дека поглаварот, како поглавар на една верска заедница ќе го преиспита својот став. Јавното обвинителство внимателно го следи случајот и дополнително ќе реши дали ќе има поднесоци. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите органи и институции нема да се двоуми да постапи согласно своите надлежности, односно да го зашитити интересот на мнозинството граѓани во оваа држава кои до сега, вели Петровска.

Таа вели дека со мали исклучоци, граѓаните чесно и одговорно ги почитуваат мерките.

Слични содржини