Петровска за видеото на Реџепи: Во Собранието сите канцеларии на пратениците имаат бели ѕидови

од Nikola Popovski

По обвинувањата од опозицијата дека пратеникот Кастриот Реџепи бил киднапиран, пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска вели дека не ја сфаќа целата фама.

-Зборуваат за видеото на Реџепи. Па во Собранието, сите канцеларии на пратениците се со бели ѕидови. Не знам од каде сега споредба на видеа на терористички организации и видеото на Реџепи. Недозволиво е. Знам дека опозициските пратеници се разочарани од сопствениот лидер, изјави Петровска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, поздравите од дипломатите и ЕУ како стратешки партнери, не одат во прилог на обвинувањата од опозицијата дека „овде имало режим“.

Слични содржини