Петровски: Јас кога бев политичар, Мицкоски си играше во песок

389 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, Филип Петровски посочи дека Мицкоски не води добри политики и обвини дека со ваква структура, Заев станува се посилен.

Истовремено, Петровски вели и дека на конгрес итно треба да се знае каде одат парите кои се во партијата.

„Ваков тип на избрани пратеници не можат да бидат силни во говорот. Кај мене во партијата има луѓе кои му се додворуваат на лидерот, односно султанот. Сега не се познати ниту 20 имиња на пратеници. Моделот ги корумпира сегашните луѓе. Ставени се просечни луѓе од просечни средини. Луѓе што не учеле за закон, треба да носат закони. Јас сум сериозен човек и внимавам што зборувам. Јас кога бев политичар, Мицкоски си играше во песок. Треба да се види зошто партиите се легла на корупција и криминал. Јас се сомневам дека партијата се користи за лично богатење. Поради оваа дружина во „Белата палата“, Заев станува се посилен. Јас сум делегат на конгрес и не може никој мене да ме нарекува слуга на Заев“, истакна Петровски.

Слични содржини