Петровски: Не станува збор за судир меѓу две држави, меѓу Македонија и Бугарија туку станува збор за судир меѓу инволвирани структури

од Radmila Tasevska

Во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5, поранешниот пратеник Филип Петровски, изјави дека не станува збор за судир меѓу две држави, меѓу Македонија и Бугарија туку дека станува збор, односно дека во судирот се инволвирани структури којшто работат по налози на трети држави.

– Јас мислам дека тоа е и всушност специјалната операција што се презема да се замешаат работите меѓу Македонија и Бугарија, односно да се отежни интеграцијата на овој дел од светот во ЕУ и да се продолжат конфликтите којшто или можните конфликти којшто не се само во Македонија туку зборувам и за Косово, знаете дека свои проблеми има и Црна Гора постојано не може да мрдне од закоченост на системот а исто така во последно време и Босна, знаете дека Додиќ маршираше со наоружани во униформи имаше парада, полициска парада, во источно Сараево, вели Петровски.

Тој за проблемот помеѓу Македонија и Бугарија вели дека го доживува како проблем којшто е прилично добро наметнат врз нас односно една добро смислена стратегија да се усложнат односите во којшто ние се обидуваме и со тоа што полицијата го направи.

-Бидејќи прашањето ви беше дека сите се сложивме околу тоа дека добро реагираше полицијата и јас ја пофалив што е нели невообичаено за мене бидејќи јас не се чувствувам како идеолошки близок до таа структура што е на власт, практично она што го имавме како реакција беше најдоброто можно бидејќи беше многу добро испланирано, многу структури вовлечени и многу тешко да се одговори соодветно а да не се дополнително заостри состојбата и јас мислам дека објаснувањата на овие работи треба да се сведе да се упрости значи луѓето да сфатат дека не станува збор за судир меѓу две држави меѓу Македонија и Бугарија туку дека станува збор, односно дека во судирот се инволвирани структури којшто работат по налози на трети држави, структури којшто се од безбедносен карактер, структури што се платени тоа да го направат, вели поранешниот пратеник Филип Петровски.

Слични содржини