Петровски: Отидовме на месечината, а не можеме да се организираме како да гласаме, избори мора да има што поскоро

од Nikola Popovski

„Ограничувањата на граѓаните за викендов е политичка одлука на Владата. Луѓето се научија што се мерки и треба да се олабави со ваквите притисоци, имаме и други болест, луѓето попуштаат со менталното здравје“, изјави Филип Петровски за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

За него, апсолутната моќ апсолутно корумпира и дека на секоја власт ѝ одговара луѓето да ѝ седат дома, да не шетаат по улици.

„Чувствувам дека ова е политичка зандана и треба да се попушти“, смета Петровски.

Тој укажува дека секој еден кој што размислува свесно треба да побара да се одржат изборите што поскоро.

„Ако некоја партија се грижи за мене и моето здравје, ќе ми даде маска и ракавици пред да влезам да гласам. Отидовме на месечината, сега ќе се патува и на Марс, а не можеме да измислиме како да гласаме. Мора да се гласа“, дополнува тој.

Слични содржини