Петровски: Со легализирање на марихуаната ќе се намали просторот на мафијата да прави црни пари

од Viktor Jovanov

Мојот став кон прашањето за легализација на марихуаната е либерален. Со легализирање на марихуаната се намалува просторот на мафијата и на оние кои прават црни пари. Кога веќе не може да се справи светот со овој процес, може да се контролира. Државата ќе го контролира и пазарот и квалитетот, изјави Филип Петровски во денешната емисија „Само вистина“ на Канал5 ТВ.

Тој додава дека сега во мархиуаната се користи отров за глувци и други работи и дека квалитетот е многу низок со што се загрозува и здравјето на корисниците.

-Мафијата која е блиска до политичкиот и државен естаблишмент, не зборам за СДСМ, туку за сите партии. На нив треба да им се прекине правото преку мафијаши уличари, насилници да ја уништуваат иднината на младите и да прават милиони, вели Петровски.

Тој додава дека недостасува јавна дебата и анализа за легалзиација на марихуната како и дека треба да се видат примерите во светот како тоа треба да се направи,

-Кога не може да се избегне употребата, може да се канализира. Треба доктори да зборат за ова, рече Петровски.

Слични содржини