Петровски: ВМРО-ДПМНЕ доживеа пораз бидејќи Мицкоски форсира поделби во партијата

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во Само Вистина на Канал 5, Филип Петровски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ доживеа пораз бидејќи форсира поделби во партијата.

-За мене Заев и Ахмети се прочитани како политички ликови, ова е компромитирана влада. Тоа што ни се случува не беше спречено од мојата партија. При промена на Устав, име, двојазничност и воведување на Рамковниот договор во преамбулата на Уставот, било кој да се кандидира требаше да го победи Заев со мининум 200 илјади гласови разлика. Се тоа што се случи после тоа е формалност и една неизбежна реалност која не сакаше да ја види само Мицкоски. Поразот се случи бидејќи тој форсира поделби во партијата, не беше понудена соодветна структура на листите и не беа прибрани сите десничарски гласови на едно место, туку приватна линија луѓе кои приватно се врзни со него во бизнис релации. Зборувам за хидроцентралите од кои наводно се ослободил, но знаеме дека луѓе околу него со соработка на тајните служби, се врзани во бизнис интереси и партијата ја користат на тој начин. Нивната неспособна структура да го поразат Заев ќе ја чини Македонија 4 години. Ќе се дојде до стимулација на иселување, тоа мене ме боли. Ќе имаме Влада на Заев, рече Петровски.

Слични содржини