Пецаков: Ќе се борам против дивоградбите и ќе се грижам за УНЕСКО статусот на Охрид

од desk4

 

По сите неправди кои што ни се случија зарем треба да се откажеме зарем нашите предци така лесно се откажувале. Секако дека не. Драги мои стојам пред вас гордо со исправена глава искрено и чесно и ви ветувам за Охрид и охриѓани доаѓаат поубави времиња, рече кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Според Пецаков за време на владеење на СДСМ и Заев видовме само национален срам и понижување особено во последната година после предвремените парламентарни избори. Убеден дека победа на локалните избори во Охрид ќе покрене и низа политички процеси вклучувајќи ја и промена на политичките сили на политиката сцена во Македонија, рече Пецаков.
Пецаков ветува дека како градоначалник, Охрид ќе го направи поубаво место за живеење и место каде младите ја гледаат својата перспектива.
-Охрид да биде град и светска туристичка дестинација. Како ќе имам проекти поврзани со борба против дивоградбите, урбанизирање на сите неурбанизирани населби во градот, изградба на велосипедски патеки, грижа за статусот на Охрид во УНЕСКО поддршка на угостителско туристичкиот сектор и многу други идеи кои се од круцијална важност за општина Охрид, рече Пецаков.
Тој ветува дека ќе го направи Охрид поубаво место за живеење, во кој младите ќе ја гледаат својата иднина, да биде светска туристичка дестинација и град кој ќе блесне со сиот свој сјај.

Слични содржини