Петта вечер на немири во САД: Грабежи, вандализам, полициски час (видео)

од Nikola Popovski

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата петта вечер по ред ги потресе американските градови и покрај полицискиот час што го објавија властите во некои од нив за да го намалат гневот предизвикан од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, известуваат агенциите во неделата.

Претседателот Доналд Трамп ветил дека ќе „запре колективното насилство“ по неколку ноќи насилство и вандализам на улиците на САД.

Покрај длабоката фрустрација од несразмерната полициска бруталност против афроамериканската заедница, насилството експлодирало и заради социјалната изолација наметната од пандемијата на коронавирус која остави милиони луѓе без работа и повторно несразмерно ги зафати сиромашните и малцинствата.

Полицијата во град Минесота користела солзавец и други средства.

„Немаме друг избор, има многу лутина“, објаснила 24-годишната Дека Јама, која дојде да „бара правда“ за Џорџ Флојд, кој бил невооружен и усмртен од полицаецот Дерек Човин.

Демонстрантите и полицијата се судриле и во Њујорк, Филаделфија, Лос Анџелес и Атланта, поради што градските власти на последните два града, како и надлежните од Мајами и Чикаго, прогласиле полициски час, објавија АФП.

Доналд Трамп во неколку наврати ја осуди „трагичната“ смрт на Џорџ Флојд и оцени дека насилните демонстранти го срамат споменот за тој човек.

„Не смееме да дозволиме мала група криминалци и вандали да ги уништат нашите градови“, рече Трамп, осудувајќи ги „групите на екстремно радикалната левица“ и особено групата „Антифа“.

Слични содржини