„Петтата руска вакцина против корона е на прагот“

од Stefanija Kuzmanovska

Препаратот на Санкт Петербургскиот истражувачки институт за вакцини и серуми (Федерална медицинска и биолошка агенција) е во I и II фаза на клинички истражувања.

Шефот на руската служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова, најави излегување на петтата вакцина против коронавирусот.

„Петтата вакцина е на прагот. Овозможува блокирање на ширењето на вирусот”, рече Попова на тркалезната маса „санитарен штит на Русија – безбедност на граѓаните“.

Кон крајот на јуни, центарот „Вектор“ достави документи за регистрација на вакцината „Епивакорона-Н“. Се очекува подготовката да биде одобрена овој месец. Според раководителот на центарот, Ринат Максјутов, документите се испратени до Министерството за здравство.

Во моментов има четири вакцини на пазарот во Русија – „Спутник Ве“, „ЕпиВакКорона“, „Ковивак“ и „Спутник лајт“.

Слични содржини