Петтиот Светски конгрес на новинарите: Заштита на независното новинарство во ера на вештачката интелигенција

од desk4

Во Виена, Австрија, во организација на Меѓународниот прес институт, деновиве се одржува петтиот Светски конгрес на новинарите. Новинарски експерти од целиот свет дебатираат на темата „Нови граници: слобода и иновации во медиумите во ерата на вештачката интелигенција“. Во фокусот е прашањето  „Како да се заштити независното новинарство од брзо развивачката технологија“?

Голем број учесници истакнаа дека новинарството е исправено пред нов предизивик – вештачката интелегенција (АИ) и новите технологии.

Целта на новинарите на овој Конгрес е да се фокусираат на изнаоѓање на решенија за обезбедување на иднината на медиумите, во услови на наплив на лажни вести и дезинформации што постојано се шират во јавноста.

Тие велат дека можеби вештачката интелегенција (АИ) може и да чувствува, но таа е машина која не може да ја каже вистината. Проблемот со лажните вести треба да се бара кај човекот.

Според директорот на Полис, меѓународниот тинк-тенк за новинарство на Лондонската школа за економија, Чарли Бекет,  мора да се разбере  дека вештачката интелегенција (АИ) не е човечко суштество и дека ја нема човечката интелегенција, бидејќи не е машина што ја кажува вистината, бидејќи може да биде употребена за лажни вести и дезинформации.

Извршниот директор на Меѓународниот прес институт Фране Маројeвиќ смета дека не треба да се плашиме од вештачката интелегенција (АИ) туку треба да ја користиме за бенефитите на новинарството.

На петтиот Светски конгрес на новинарите беше отворена и темата дека владите во светот треба да најдат начин како да ја регулираат употребата на вештачката интелигенција.

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ најави дека ЕУ веќе размислува да формира ново тело за заштита на правата, бидејќи е потребен механизам за заштита на слободата на изразување. Тие се загорзени и мора да бидат заштитени.

На Конгресот учестсвуваат  300 уредници, новинари и издавачи. Тие споделуваат иде и предлагаат решенија за пречкитесо кои се соочуваат професионалното новинарство, медиумскиот плурализам и ширењето на информации од јавен интерес.

Сметаат дека токму новинарите со свои истражувања и разоткривање на пропагандната машинерија во ера на вештачка интелигенција, треба да им го нарушат мирот на популистичките и екстремистичките групи кои  ги користат дезинформациите како алатка за создавање конфузија и неизвесност во јавниот простор.

Слични содржини