Peugeot ќе прави електрични спортски автомобили

од desk2

Компанијата „Peugeot“ го напушта Светското првенство во рели шампионатот (WRX) за да се посвети во развојот на новото семејство на електрифицирани спортски автомобили. Првиот од нив ќе биде подготвен во 2020-та година, а „Peugeot Sport“ ќе биде дел од развојот.

„Задоволството при возењето е во основата на историјата на брендот „Peugeot“, коментира шефот на брендот Жан-Филип Импарато. „Електрификацијата ќе ни овозможи да ги подобриме овие чувства и да им понудиме на нашите клиенти спортски автомобили со ниски емисии“.

Еден од овие автомобили ќе биде „R“ – верзија на „Peugeot 508 Hybrid“, чија моќност ќе надмине 300 КС. Во овој случај, единицата се состои од 1.6 литарски турбокомпресор со 200 КС и електричен мотор со 110 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 4,5 секунди.

Во новото семејство ќе дојде сериската верзија на концептот „308 R Hybrid“. Прототипот беше опремен со 1.6-литарски турбополнач со 270 КС и два електрични мотори од 115 КС. Вкупната моќност на оваа единица е 500 КС и 730 Nm.

А предводник на идната палета спортски автомобили на „Peugeot“ најверојатно ќе биде сериската верзија на концептниот „е-LEGEND“, кој е опремен со систем за погон на сите четири тркала и електромотор, кој развива 462 КС и 800 Nm. Прототипот забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 4 секунди, а само со едно полнење може да измине 600 километри (по новиот циклус „WLTP“).

Слични содржини