Пиењето четири чаши пиво или вино неделно го зголемува ризикот од деменција, тврди студија

од Vladimir Zorba

ИСТРАЖУВАЧИТЕ предупредија дека само четири големи чаши пиво или мали чаши вино неделно би можеле да ги удвојат шансите за проблеми со краткотрајната меморија и просторната перцепција. Тие тврдат дека овие проблеми би можеле да доведат до деменција, доколку овие количини не се намалат во границите на безбедното пиење, пишува „Дејли Мејл“.

Истражувачите анализирале податоци за повеќе од 15.000 луѓе на возраст од 50 и повеќе години и ги следеле во период од две години. Нивното консумирање алкохол, вклучувајќи ги количините и зачестеноста, беше проучувано и беа направени тестови за мерење на способноста за размислување.

Луѓето кои достигнале „ризични количини“ на пиење претрпеа поголем пад на краткорочната меморија и просторната свест. Само уште малку влошување на менталното оштетување може да одведе некого над клиничкиот праг за деменција.

Др. Тони Рао, психијатар кој ја водеше студијата на Кралскиот колеџ во Лондон, рече: „Со кариера од повеќе од 20 години посветена на истражување на алкохолот и постарите луѓе, ова е секако најреволуционерната студија за врската помеѓу пиењето и ризикот од деменција. Ниту еден од учесниците немал деменција на почетокот на студијата, но оние кои пиеле во гранични количини имале поголема веројатност да покажат когнитивно опаѓање, што веројатно ќе напредува до деменција.

„Ова може да изгледа изненадувачки и го урива митот дека алкохолот некако е добар за мозокот“, вели др. Рао. „Користењето тестови за рано откривање на ова когнитивно оштетување може да го заштити мозокот и да спречи понатамошна прогресија на деменција.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Aging and Mental Health.

Слични содржини