Пијан навивач поврати на паркетот во најбизарниот прекин во историјата на НБА (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сакраменто Кингс со децении неме многу среќа да бидат забележани во НБА лигата, уште од генерацијата на Стојаковиќ и Дивац. Овој пат им успеа, но затоа што навивач ги посрамоти.

Фан кој има привилегија да ги следи натпреварите од првиот ред, веднаш до подот, успеа да ја уништи таа привилегија и да го посрамоти клубот.

Поради премногу алкохол, веројатно, поврати на паркетот и предизвика 15-минутна пауза.

Предизвика згрозеност и потсмев на играчите на Сакраменто и Јута, воопшто не им беше пријатно на редарите да го тргнат тоа што тој го остави зад себе.

На „кралевите“ им „преседна“ вечерта по овој перформанс, што се виде и по конечниот резултат – Јута победи со 123:105 со 26 поени на Мичел и 21 на Гобер, кој придодаде и 14 скока.

Сакраменто, кој беше хит во претсезоната и на неколкуте воведни натпревари, се врати таму каде што беше, во долниот дом на Западот.

Јута пак врза 3-та победа и ги следи Вориорс и Санс на врвот.

Слични содржини