Пијат урина и се мачкаат со измет: Морбидни ритуали на познати жени (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Не е тајна дека жените се подготвени за што било заради убавината. Буквално. Особено оние кои се богати и славни.

Ако ви кажевме дека Мадона пие урина и дека Викторија Бекам се мачка со измет од птици, вие не би поверувале, но почекајте и видете што прават Анџелина Џоли, Ким Кардашијан, Деми Мур …

Вампирските третмани на Ким Кардашијан

Иако таа може да си ги дозволи најскапите креми и третмани, Ким Кардашијан користи алтернативни методи за нејзина нега.

Пред неколку години, старлетата објави фотографија од „вампирски третман“, во кој се става сопствена крв на лицето, од која претходно се вадат тромбоцити во посебен уред.

View this post on Instagram

🧝🏻‍♀️

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Патем, третманот чини 1.250 долари. Останатата крв, изолирана во уредот, се нанесува на лицето, а потоа се користат игли за акупунктура, со цел да се зголеми нивото на колаген и да се подобри еластичноста на кожата.

Деми Мур е убава благодарение на пијавиците

Деми Мур се колне дека нејзината кожа е толку затегната благодарение на третманот со пијавици, но таа потенцира дека оди само кај докажани експерти.

Имено, секретите на пијавици спречуваат згрутчување на крвта, ја подобруваат циркулацијата и го забрзуваат заздравувањето на раните.

Викторија Бекам претпочита животински измет и плодна вода од овца

Ставањето крв на лицето звучи прилично лошо, а ставањето животински измет на кожата не заостанува зад овој третман. Овие третмани го обожава Викторија Бекам, која користи измет на редок вид птици од јапонскиот остров Кјушу.

View this post on Instagram

Love my VVB tee! xx vb

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Овие птици обично се хранат со специјални семиња, а козметичарите потоа го обработуваат изметот на посебен начин, пред да го стават на нечие лице. Експертите тврдат дека третманот со измет на птици го забавува стареењето на кожата, ги осветлува флеките предизвикани од сончање, ги отстранува „вреќите“ под очите и ја хидрира кожата.

Сепак, омилен третман за убавина на Викторија Бекам е чистење на лицето со плодна вода од овца. Ова е секако една од најбизарните третмани за кои досега сте чуле.

Тери Хечер се капе во вино

Малку поевтин третман на кожа во споредба со другите, вклучува полнење на када со вода, истурање бања и додавате неколку чаши црвено вино.

Актерката Тери Хечер, најпозната по улогата во „Очајни домаќинки“, ја хидрира кожата на овој начин и вели дека на тој начин, клетките побрзо се обновуваат.

Анџелина Џоли се мачка со кавијар

Кавијарот е една од најскапите „грицки“ во светот, но Анџелина Џоли не ја јаде, туку ја користи за нега на кожата.

Покрај тоа, Анџелина е фасцинирана од крв. На свадбата со поранешниот сопруг Џон Милер, таа носеше црни кожени панталони и бела маица, на која го напиша името на нејзиниот сопруг, напишано во сопствена крв.

За време на нивниот втор брак, со Били Боб Торнтон, тие двајцата носеа мали ампули исполнети со крв околу вратот, како посебен знак на љубов.

Сандра Булок ги отстранува темните кругови со крема за хемороиди

Крем за хемороиди како дел од рутината за убавина?

Во случајот со Сандра Булок, ова е многу корисно. Добитничката на „Оскар“ ја користи оваа крема за да ги отстрани темните кругови.

Мадона ја пие сопствената урина

Поп иконата Мадона ја шокираше целата планета на крајот на минатата година кога објави видео на Инстаграм каде пие урина.

Имено, таа прво се потопи во када полна со мраз, што честопати ја прават професионални спортисти по исцрпувачки настапи, а потоа седна на работ на кадата со чаша полна со жолтеникава, транспарентна течност…

„Убаво е да пиете урина откако ќе излезете од ледена бања“, рече кралицата на поп-музиката.

Додека нејзините фанови се надеваат дека таа само се шегуваше, ние ќе ве потсетиме дека Мадона еднаш изјавила дека повремено „мочка на нозете“ со цел да спречи појава на габи.

Слични содржини