Пикантни пилешки гради за совршен ручек

од desk2

Вкусно јадење од пилешко месо…

СОСТОЈКИ:
1 парче пилешки гради
2 домати
1 мала шолја зготвена зелена леќа
2 чешниња лук
листови магдонос
1 пиперка
1 лажичка куркума
1/2 лажичка кари
малку мелена црвена пипер
2 лажици кари паста
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото исечкајте го на коцки и пропржете го на масло, а потоа извадете на чинија и оставете на страна. На истата маснотија издинстајте исечкан кромид и додајте исечкани домати, исечкан лук, магдонос и сите зачини освен кари паста.

Нека се крчка додека не испари сета течност од доматите. На крај вратете го пилешкото во тавата, додајте зготвена леќа и паста и оставете уште неколку минути на слаб оган. Посолете и побиберете.

Компирите згответе ги и послужете ги посипени со магдонос.

Слични содржини