Пикот од епидемијата се очекува на крајот на април

од Берта Китинска

Воедно, од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти на кои им се направени два контролни тестови кои се негативни, тие се во добра здравствена состојба и ќе се упатат на домашно лекување. Од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување, појасни, на 11 од денеска, па во следните денови се земаат контролни брисеви и тие се во добра здравствена состојба.

Во однос на тестирањето, министерот за здравство најави дека во план е зголемување на капацитетот на пунктовите за тестирање во сите општини каде тоа е потребно, со оглед на фактот што во некои општини е зголемено времето на чекање за земање на брис материјалите за испитување.

Со отворање на четвртиот пункт вчера, дуплиран е капацитетот во Скопје, а ќе се отворат и уште пунктови.

-До минатата недела во Скопје работеа два пункта, а денеска се отвори и четвртиот. Денеска не известија дека е подготвен и ставен во функција и пунктот во Млин Балкан поликлиниката и мобилната екипа за постарите граѓани согласно укажувањето од матичните лекари. Со оглед на тоа што во одредени делови во одредени општини навистина се зголеми времето на чекање за зимање на брис материјал за испитување, во план сме да се отвориме уште повеќе пунктови и во оние општини каде е потребно, додаде министерот.

До крајот на неделата освен во центрите за јавно здравје, и во здравствените домови, според Филипче, ќе се отворат еден или два пункта, согласно големината на здравствениот дом. Ова во Скопје веќе се планира, а во другите општини најпрвин ќе се анализира дали со зголемување на бројот на пунктовите ќе се скрати времето на чекање.

По примерот од европските земји и кај нас се најавува следење на лицата кои се во изолација преку мобилна апликација, која во моментов се изработува.

-Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството информатичко општество и администрација, веќе се изработува една апликација по примерот на повеќе европски земји. Мислам дека е нешто што навистина може да користи, посебно во некои делови на земјата, најави Филипче и додаде дека апликацијата ќе биде презентирана во јавноста веднаш по нејзиното техничко изготвување.

Слични содржини