Пикси ја имаше најсилната поддршка од трибините: Андреа, Ања и Марко во емотивен кадар (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ања Валенте, ќерката на селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси, објави неколку фотографии од Доха.

Таа, нејзината сестра Андреа и нејзиниот брат Марко се во Катар, каде му пружаат огромна поддршка на својот татко, а присуствуваа и на синоќешниот натпревар каде Србија загуби од Бразил со резултат 2:0.

„Одиме Србија! Одиме тато!“, напиша Ања во описот на фотографијата на која стои заедно со сестра ѝ и брат ѝ прегрнати.

Најстарата ќерка на Стојковиќ, Андреа, дипломираше на Американскиот универзитет во Париз, Ања студираше моден дизајн во Лондон, а Марко првично тргна по стапките на својот татко, но се откажа од фудбалот и се посвети на студиите на еден од најпрестижните лондонски универзитети, каде што и дипломираше.

Ања моментално живее и работи во Лондон, со нејзиниот сопруг Хуго Валенте и ќерките Индија Роуз и Касија Гинзи. Инаку, луксузниот имот во кој живее Ања со семејството е подарок од нејзиниот татко.

Слични содржини