ПИЛОТ ПРЕЖИВЕАЛ 36 ДЕНА ВО АМАЗОНСКАТА ШУМА ПО ПАД НА АВИОН: Имал 25 килограми помалку кога го пронашле (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Бразилскиот пилот Антонио „Тонињо“ Сена, чиј авион се урна среде Амазонската шума, поминал 36 дена во дивината. Кога конечно го пронашле, тој тежел 25 колигорами помалку.

Според локалните медиуми, на 28 јануари Сена полетал од Аленквер, на северниот брег на реката Амазон и се упатил кон градот Алмеирим во „Цесна 210“. Сепак, моторот откажал, па тој морал принудно да слета.

36 дена го јадел лебот што го имал со себе. Група земјоделци конечно го забележале, а тој бил видливо исцрпен, дехидриран и слаб. Бразилската телевизија ја пренесе неговата средба со семејството пред да биде префрлен во болницата.

„Единственото нешто што ме одржуваше во живот е мојата љубов кон семејството и желбата да ги видам моите родители, сестра и брат“, изјави пилотот кој ја доживеа оваа несреќа два дена пред неговиот 36-ти роденден.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што не се откажаа од мене“, рече тој.

Слични содржини