„Пинк Флојд“ се подготвуваат да го продадат својот музички каталог за рекордна сума

од Vladimir Zorba

Музичкиот каталог на британскиот рок бенд „Пинк Флојд“ е тема на битка меѓу компаниите „Ворнер мјузик“ и „БМГ“, поддржани од американскиот фонд „ККР“, пренесе „АФП“, цитирајќи го Фајненшл тајмс.

Договорот за креативните права на бендот потенцијално би можел да надмине 500 милиони долари, според извори запознаени со преговорите. Можно е дури и да ја надмине цената платена минатата година за каталогот на Брус Спрингстин од „Сони мјузик“, достигнувајќи рекордни 550 милиони долари според американските медиуми, додава „Фајненшл тајмс“.

Британскиот рок бенд има некои од најголемите продажби во музичката историја. „Money“, „Wish you were here“ или „Comfortably numb“ се продадени во 250 милиони примероци ширум светот, според bestsellingalbums.org.

Неодамна, музичките ѕвезди почнаа да ги продаваат своите каталози на водечки компании во овој сектор. Меѓу изведувачите кои се разделија со правата на нивната работа се Дејвид Боуви, Боб Дилан, Стинг, Тина Тарнер.

За нив се платени стотици милиони долари, забележува АФП.

Слични содржини