Пинк направила измени во тестаментот додека се борела со короната: „Мислев дека сме готови“

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Пинк имаше корона во март минатата година, а покрај неа беше заразен и нејзиниот четиригодишен син Џејмсон. Тогаш Пинк имала проблеми со дишењето, а нејзиниот син долго време имал висока температура. Сега, за време на гостувањето во радиото Харт, таа раскажа дека мислела дека ќе умре.

„Ова ќе звучи лудо, но имавме корона минатата година, многу рано, во март. Беше навистина лошо, па го менував својот тестамент. Знаете, во тоа време мислев дека е готово со нас“, му раскажа Пинк на водителот Марк Рајт.

„Тогаш, сè што ми беше важно беше да ѝ кажам на Вилоу колку ја сакам. Како родител, размислував што ќе му оставам на своето дете, дали ќе успее во светот, дали тие ќе успеат, што треба да им кажам за последен пат“, додаде пејачката.

Пинк претходно раскажа како дека испаничила кога почнала тешко да дише.

„Размислував да одам во болница, но во исто време не знаев што да направам. Единственото во што бев сигурна беше дека ова е најстрашното искуство во мојот живот“, рече таа.

Слични содржини