Пинк позитивна на коронавирусот: „Тестовите не се достапни за сите“

од Nikola Popovski

Познатата американска пејачка Пинк денес објави дека е позитивна на коронавирусот, како и ќе донира по 500 000 долари на две служби за итни случаи.

Пинк во серија твитови изјави дека таа и нејзиниот 3-годишен син ги доживеале симптомите пред две недели, по што биле тестирани. Таа додава дека членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација и се негативни, пренесува АП.

Победникот на Греми се заложила за бесплатно и распространето тестирање.

„Неуспехот на надлежните органи да ги направат тестовите подостапни за луѓето е тотална лакрдија. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето треба да знаат дека ги напаѓа и младите и старите, здравите и болните, богатите и сиромашните. Тоа е причината зошто тестовите мора да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца,семејство, пријатели и заедница “, истакна Пинк, пренесе Танјуг.

Слични содржини