Пиоли и Милан се договорија

од Vladimir Zorba

Раководството на Милан се договорило со тренерот на тимот Стефано Пиоли за нов договор, тврди „Калчомеркато“.

Двете страни ги договориле сите детали и останува само формалниот потпис на договорот кој ќе биде до 2024 година со опција за уште една сезона.

Платата на Пиоли ќе биде 3,5 милиони евра годишно плус бонуси.

Пиоли е на кормилото на Милан од октомври 2019 година. Минатото лето раководството на „росонерите“ размислуваше да се раздели со тренерот, па дури и преговараше за функцијата со Ралф Рангник, но на крајот Пиоли остана во клубот и оваа сезона Милан настапува одлично.

Заедно со Наполи, тимот од Милано го дели првото место во Серија А.

Слични содржини