Пиоли за Интер: Минатата година бевме зимски шампиони, но не ја освоивме титулата

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли испрати љубопитна порака до лидерот во Серија А Интер по победата од 4:2 како гостин над Емполи во 19. коло од шампионатот, кое беше последно за календарската година. „Нероазурите“, актуелниот шампион на Италија, ќе презимат на врвот со 46 бодови, додека Милан е втор со 42.

„Минатата година бевме зимски шампиони, но не ја освоивме титулата. Сè допрва доаѓа“, рече Пиоли.

„Противникот беше многу тежок. Денеска трите бода беа најважни, бидејќи ни беа потребни по поразот од Наполи во последното коло“, изјави Пиоли, кој му постави нова цел на Милан – да освои повеќе од 79 бода оваа сезона.

Толку имаше Милан во последната кампања, кога Интер стана шампион со 91.

Слични содржини