Пиоли: Златан побара замена, јас го игнорирав

од Vladimir Zorba

Возраст, коронавирус, пауза, замор … Златан Ибрахимовиќ е имун на се и тоа го докажа во големото дерби на Милано.

Швеѓанецот постигна два гола и му овозможи на неговиот Милан да го совлада Интер со 2:1.

Тој се опорави од вирусот пред натпреварот и ги одигра сите 90 минути.

И не му беше лесно, што го призна и тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли.

„Тој беше многу уморен, дури и побара да излезе, но овој пат го игнорирав. Златан е извонреден, тој носи многу на теренот со својот талент, одлучност и карактер. Тој е професионалец по пример, дава сè за овој тим, сака да освои сè, од финалето на Купот, до дуел на тренинг. Не можам да прифатам никаква заслуга за работа со него, бидејќи тоа е многу лесно“, рече Пиоли.

Неговиот тим досега прими само еден гол во шампионатот и е на врвот на табелата со четири победи од четири натпревари.

За титулата, сè уште не…

„Сакам да размислувам позитивно, мислам дека сум оптимист, но исто така знам дека има најмалку три или четири клуба кои вложија повеќе од нас и кои се во понапредна фаза. Амбициозни сме, но вложивме многу во иднината“, заклучи Пиоли.

loading...

Слични содржини