Пиперки полнети со печурки

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 2 големи црвени пиперки

Фил:

– 1/2 голема пиперка

– 140 гр печурки

– 3 помали домати

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

– магдонос

– 2 лажици маслиново масло

– сол, бибер

– лажичка босилек

– 2 дл супа од зеленчук

– 60 – 80 гр овесна каша

– 60 гр кашкавал

Подготовка:

Исечете ги пиперките на половина по должина, исчистете ги средината и сите меки делови, но не и стеблото бидејќи ќе ја задржи формата на пиперката при печењето.

Пиперките исечкајте ги на коцки за филот. Шампињоните исечкајте ги на ленти. Излупете го доматот, исечете го на половина, извадете ги семките и чистото месо од доматите исечете го на коцки, а потоа исечкајте го кромидот.

Во тава загрејте го маслиновото масло, додадете ги двата кромида, па кратко пропржете. Потоа се додаваат печурките, сечканите пиперки и доматите, се динста се и се прелива супа од зеленчук.

Во филот додадете овесна каша, сечкан магдонос, сол, бибер и босилек.

Наполнете ги преполовените пиперки со приготвениот фил, па ставете ги во сад за печење.

Печете во загреана рерна на 180 степени 20 минути, а потоа изрендајте го кашкавалот и печете уште 10 минути.

Слични содржини